Контроверзите за случајот „Сопот“

Овој судски процес од самиот почеток го следат контроверзи. Тоа го утврди и парламентарната комисија која беше формирана во 2010 година да го истражи случајот.

Комисијата констатираше дека се направени пропусти во истрагата, а една година подоцна во 2011 беше и укината првичната пресуда и предметот беше вратен на повторно одлучување. Од тогаш се одржаа околу 70 рочишта, но епилог немаше. СЈО, и покрај првичното противење на Советот на јавни обвинители, успеа да го преземе предметот во своја надлежност и да одлучува по него.

Во текот на судскиот процес, исказите на обвинетите открија стравични детали за тоа како од нив биле изнудувани изјави.

Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во јули 2017 го предаде предметот на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со случајот.

Скопската Апелација во март 2010-та година ја потврди првостепената пресуда за 7 обвинети во случајот Сопот во состојпа при која еден е во затвор, а 6 се во бегство. На обвинетите од Сопот им беше потврдена вината и казната како што тогаш потврди претстедателот на Апелациониот суд Јордан Митриновски.

Во Апелациониот суд се расправаше за случајот Сопот и тоа за последниот затворен Зенет Клаиќи осуден на 14 години и за 6 негови соселани кои се осудени со 15 години затвор. За експлозијата на мината кај село Сопот во 2002 при што загина двајца војници на НАТО и еден цивил со 156 години се осудени 11 жители на селото. Собранието за овој случај формираше посебна работна група која утврди дека при апсењето се прекршени човековите права. Првиот човек на скопска апелација не сакаше да ги коемнтира реакциите на албанските политички партии и невладини организации кои ваквата пресуда ја оценија како политизирана и насочена против Албанците.

Во март лани, по 15 години, обвинетите во случајот „Сопот“ беа конечно слободни, откако Специјалното јавно обвинителство објави дека го повлекува обвинението , бидејќи нема докази дека тие го сториле делото за кое беа осудени на затворски казни. По ова, судот донесе решение дека обвинението е повлечено, со што постапката во овој случај е завршена.

Обвинетите тогаш изјавија дека се задоволни што успеале да ја докажат својата невиност, иако чекале цели 15 години.

Обвинителката Катица Јанева рече дека дел од предметот е уште во предистрага.

-Се работи за меѓународна правна помош со блиска соседна држава на Република Македонија. Се бара начин како да се земе исказ од одредени лица кои можат да придонесат за уврдување на  сторителот за ова кривично дело, изјави Јанева