Крадците го запалиле автомобилот: Нови детали за вооружениот грабеж во Волково

Вооружен грабеж рано утрово се случил пред поштата во село Волково, објави „Република“. Инцидентот бил пријавен во 7:05 часот утрово од страна на З.Ц. (52) од Скопје, кој додека извршувал достава во поштата, бил пресретнат од две непознати лица, кои со закана со оружје му одзеле четири торби.