Кривична против три лица за фалсификување исправа

Целокупната документација ја искористиле за добивање согласност за регистрација на возилото.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.П.(50) и Б.Ц.(27), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против М.С.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „потикнување“ во врска со „фалсификување исправа“.

Б.П. и Б.Ц. изготвиле лажен договор за купопродажба на патничко возило, кое претходно М.С. го увезол од Република Бугарија. Ваквиот договор, заедно со потврдата за пријавен престој во странство на име на Б.Ц., ги приложиле во Бирото за метрологија при Министерството за економија-Скопје со цел да ја искористат погодноста по член 24 од Законот за возила.

После тоа, целокупната документација ја искористиле за добивање согласност за регистрација на возилото, а на 20.06.2016 година во Одделението за управни работи Кочани, третопријавениот М.С. го регистрирал возило на негово име.