Кумановец излета од патот, тешко е повреден

На 24.03.2019 година во 04,00 часот било пријавено дека во Куманово на булеварот “Трета Македонска ударна бригада“ патничко моторно возило “Сеат леон“ со кумановски регистерски таблици управувано од Б.П.(26) од Куманово излетало од коловозот и со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П. кој бил пренесен во Клиничката болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.