Кучиња скитници нападнаа во Карпош, две лица повредени

На 15.05.2019 година во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(39) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.00 часот на ул.„Ванчо Мицков“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

На 15.05.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.В.(64) од Скопје пријавил дека на 14.05.2019 година околу 20.30 часот на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната подлактица.