Латас и браќата се НЕВИНИ – одлучи Судот

Утринава во Кривичниот суд беше соопштена пресудата за случајот „Тревник“ во кој обвинети се Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан.

Според судијката – обвинетите браќа се ослободуваат од обвинение за бесправо градење, односно не се виновни.

Браќата се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.