Македонец исчезна во Белград- му се губи секаква трага (ФОТО)

Македонецот Лазо Павлев (42) исчезна во Белград на 25 септември, од кога му се губи секоја трага, пренесува српски Блиц.

Неговото исчезнување објавено е во регистерот на исчезнати лица, со објаснување дека Павлев престојувал во стан на Дорчол, кога контактот со нив последен пат е остварен на 25 септември околу полноќ.

Сите околности на неговото исчезнување се непознати, а во апелот за помош во пронаоѓање, објавено е дека е висок 180 сантиметри, тежок 120 килограми, со кафени очи.