Малолетник од Катланово нападнат со секира додека возел мотор

На 14.05.2019 година околу 17:30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(17) од село Катланово пријавил дека во атар на село Катланово, кај „Катлановска Бања“, непознато лице се обидело да го нападне со секира.

Според пријавеното, додека Ф.С. управувал мотоцикл, бил повикан од непознатото лице кое со секира замавнало кон него и со секирата удрило во задниот дел од мотоциклот.

После тоа, исто така според пријавата, Ф.С избегал и за настанот го известил неговото семејство.

Кога сите заедно повторно отишле на местото го забележале лицето со нож во раката, по што заминале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.