МВР: МАЖ ПРОНАЈДЕН МРТОВ на паркинг пред угостителски објект

Починато машко лице било пронајдено синоќа во 2 часот во тетовско.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски информира дека на паркинг на угостителски објект во тетовско Горно Седларце бил пронајден починат Х.З.(60) од тетовски Пирок.

Х.З. работел како чувар на паркингот, а смртта е контатирана од лекар  без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.