МВР со детали за грабежот во Скопје – Еве што се случило!

Денеска околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во банка на улица „Јадранска Магистрала“ непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума на пари, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Разбојништвото се случило во експозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово. Пет маскирани вооружени разбојници ограбиле експозитура на на Јадранска магистрала.

Вооружени лица влегле во банката и им се заканиле на вработените и вперувајќи кон нив „калашникови“, ги принудиле да легнат на подот, а потоа одзеле непозната сума на пари.

По грабежот разбојниците избегале од местото со автомобил.