„Мерцедес“ излетал од пат и удрил 4 паркирани возила

„Мерцедесот“ со бугарски национални ознаки, управувано од К.А.(29) од Пробиштип, удрил во три возила „голф“ и едно возило „опел корса“.

Утринава во 3 часот по полноќ било пријавено дека во Пробиштип на улицата „Миро Барага“ патничко моторно возило „мерцедес“ излетало од патот и удрило во четири паркирани возила, информираат од полиција.

„Мерцедесот“ со бугарски национални ознаки, управувано од К.А.(29) од Пробиштип, удрил во три возила „голф“ и едно возило „опел корса“.

– Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа во Пробиштип, а потоа бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот, велат од полција.