Мила Царовска два и пол часа во Обвинителството

Денеска Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во Јавното обвинителство кај обвинителката Лидија Раичевиќ даваше исказ за скандалот со понзиите.

Царовска во обвинителството се задржа два и пол часа по обелоденувањето на аферата со непрефрлање на придонесите во вториот пензиски столб изминатите десетина години.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети претходно ја посочи министерката дека „отвара специјална војна“, бидејќиво периодот за кој се однесува скандалот се опфатени тројца директори на ПИОМ од  редовите на ДУИ.

Владата веќе објави дека обештетувањето од 19 милиони евра на идните пензионери веќе е започнато.

„Одговорно и отчетно постапувам со тоа што ја известувам јавноста и го информирам јавното обвинителство за сите сознанија“, изјави Царовска.