Мицковски: Што има премиер да кажува од што е разочаран Верушевски

Новинарот Ивор Мицковски на Фејсбук реагира на последната изјава на премиерот кој вели дека Верушевски бил разочаран од СЈО, и затоа го рекол тоа што го рекол.

„Заев ни кажува дека Верушот бил разочаран од СЈО па конвергирал на такви зборови и употреба.

Да бе, конвергирал на ВМРО од разочараност. А разочараноста веројатно конвергирала со стравот дали ќе продолжи неказнивоста на сите криминали.

Абе го следи ли некој што збори човеков?

И што има премиер да кажува какво ќе биде нечие сведочење? Што има да се слуша со адвокати на обвинети, ма што има да го контролира судствово? Ама ајде, тоа е изгубена прича веќе…

Сега џабе си ги додавате бомбите ко во цртан филм, евентуално бомбата ќе мора да експлодира во рацете на еден од вас, ама толку ви се врзани судбините, што сеедно е кај кого ќе пукне“, пишува Мицковски.