Мицкоски: Во новото обвинителство нема место за Јанева и соработниците

Нема да поддржиме Катица Јанева и нејзините соработници да станат дел од новото обвинителство, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали неговата партија ќе даде поддршка на новиот закон на СЈО, Мицкоски рече дека во новото обвинителство треба да има место и за нови кадри и докажани правници.