Могерини и Хан со честитки за решавање на најстариот спор на Балканот

Според Могерини и Хан „ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа”.

Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан ни упатија “искрени честитки за гласањето на Парламентот за уставните измени денес”, изјавија тие преку соопштение.

Според нив „ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа”.

– Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на Европската унија. ЕУ силно го поддржува овој договор кој создава пример за помирување за регионот и за Европа како целина. Во очекување на завршувањето на следните чекори што ќе доведат до целосна имплементација на Преспанскиот договор, Европската унија останува цврсто решена да продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата кон заедничката стратешка цел за интеграција во ЕУ- изјавија Могерини и Хан.