Нападнати полицајци во Скопје

Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци- информираат од МВР.

Синоќа непознато лице нападнало полицаец во близина на Порта „Македонија“ во Скопје.

Полицијата успеала да го фати напаѓачот и да го приведе. Пред да го внесат напаѓачот во службеното возило, полицајците биле нападнати од второ непознато лице. Се претпоставува дека вториот напаѓач сакал да му помогне на приведениот.

– Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци- информираат од МВР.