Неексплодирани гранати од Првата светска војна најдени во битолско

На 23.03.2019 година во 08,35 часот во СВР-Битола, Л.А. од с.Лажел, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол една стара неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.