Нимиц: Ова е историски договор меѓу двата соседи

Метју Нимиц, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации и посредник во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, преку соопштение го поздрави изгласувањето на уставните измени, во согласност со Договорот од Преспа, објави грчки „Катимерини“.

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации и посредник во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, преку соопштение го поздрави изгласувањето на уставните измени, во согласност со Договорот од Преспа, објави грчки „Катимерини“.

– Ги поздравувам финалните чекори кои ги презеде Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија во насока за имплементација на Договорот од Преспа. Сакам да му честитам на Парламентот и на граѓаните за ова достигнување и за демократскиот начин на кој е изведен овој важен процес. Овој историски договор меѓу двата соседи ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Очекувам целосно комплетирање на процесот како што е предвидено во договорот. Како и во минатото, ОН остануваат посветени на работењето со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив – се вели во пораката на Метју Нимиц.