Нинџа рече дека Бришковска му наредила на Вељаноски да се отворат вратите во Собранието

Митко Чавков лично го слушнав дека имаше комуникација со Митко Пешов. За кратко време дојде и директорот на УБК Владимир Атанасовски. Од таму се координираше сето тоа што се случи на 27 април. Како доаѓаше масата така наредбите беа подиректни. Додаде дека Билјана Бришковска, поранешна заменик министер за правда рекла дека во првото сценарио пратениците не ја завршиле својата работа, немало инцидент, не се степале. Потоа му се јавила на Вељаноски да се отворат вратите од Собранието, рече бвинетиот Александар Василевски.

Обвинетиот Александар Василевски во продолжеток на својата одбрана на рочиштето за „27 април“ рече дека ситуацијата околу 15 април почна да зоврива. Нагласи дека се скандирало против „Тиранската платформа“ против двојазичност.

– Дојде 27 април, некаде околу 12.30 часот ми се јави Владимир Атанасовски и ме извести да бидам во Скопје бидејќи на репродукција имало оперативни сознанија дека тогашната опозиција спрема нешто. Ми даде насока дека ќе ми се јави Никола Бошкоски Прскач. Од сабајле бев со лицето Дејан Давидовски во Катланово, потоа во Ѓорче Петров. На враќање ми се јави Веле Петрушевски да се видиме, му кажав да дојде во „Дион“. Таму беа Михаил Младеновски, Стефан Младеновски, Никола Митревски Кољо.

Атанасовски околу 16 часот повторно ми се јави и ми кажа дека тој ден СДСМ ќе сакаат да изберат претседател на Собрание. За следење на состојбата го известил и Јане Ченто и ни рече дека треба да бидеме на стенд бај. Во 17.40 ми се јави организациониот секретар на ВМРО, Спире Ристевски и ме повика да отидам во штаб. Во тој момент имав контакт и со Сашо Мијалков кој ми рече да отидам во база.

Таму беше командно оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, тука беа Биљана Бришковска, Миле Јанакиески, Митко Чавков, Спире Ристевски. Имаше пуштено телевизија „Нова“, на вести се пратеше протестот и сите разговараа на телефон. Како се движеше толпата така се издаваа наредби. Бришковска комуницираше со Трајко Вељаноски кој ѝ даваше насоки за состојбата внатре.

Јанакиески и Спире Ристовски комуницираа со Бетмен. Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје. Чавков лично го слушнав имаше комуникација со Митко Пешов. За кратко време дојде и директорот на УБК Владимир Атанасовски. Од таму се координираше сето тоа што се случи на 27 април. Како доаѓаше масата така наредбите беа подиректни – нагласи Василевски.

Додаде дека Бришковска рекла дека во првото сценарио пратениците не ја завршиле својата работа, немало инцидент, не се степале. Потоа му се јавила на Вељаноски да се отворат вратите од Собранието.

– Директорот Владимир Атанасовски тогаш ме извести да излезам на терен. Кога стигнав луѓето беа влезени во Собранието. Застанавме кај Градска болница и ја надгледувавме ситуацијата. Со мене беше Веле Петрушевски. Во тоа време мобилниот ми се исклучи. Од кај Веле му свртевме на Кољо кој ни кажа дека внатре е хаос и дека луѓето почнале да тепаат пратеници. Кај 19 часот пешки тргнав кон Собранието. Го видов началникот на Петтата управа Никола Бошкоски, Борислав Богдановски од управата и други. Лицата веќе беа влезени во Собранието. Застанавме кај Градска болница, ја надгледувавме ситуацијата. Му свртевме на Никола Митревски – Кољо. На Никола Бошкоски му јавивме дека внатре тепаат пратеници. Бошкоски ни кажа дека има луѓе за прикриени операции и отворен прозор на првиот кат, за евакуација на фантомките.

Во штабот на осми кат е и лицето шеф на кабинет на Иванов, Борис Јосифовски, и во секој момент може да биде прогласена воена состојба. На една од клупите во Жена парк го сретнав Горан Грујевски. Со него беше Дракче од Крива Паланка од секторот за обезбедување и документирање. Поседов со него, Бошкоски отиде кај колегите од УБК. Горан ми кажа дека под прикриени операции внатре има луѓе од военото разузнавање. Секој момент ќе биде прогласена. Одеднаш доби повик. Рече „Ова не е на арно. Некој друг ја презеде контролата!“. Ова што го видов на осми спрат, го видов само јас. Остана длабоко во мене! Подоцна уште еден повик доби Грујевски: „Вонредна состојба нема да има! Под притисок на странски фактор кај претседателот Иванов! – рече Нинџа.