Нова пријава за екс градоначалникот на Неготино

Во обвинителниот акт се вели дека тој од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како службено лице – градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари.

Јавното обвинителство поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на Неготино В.А. (55) за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, тврди ОЈО.

„Во обвинителниот акт се вели дека тој од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како службено лице – Градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари.

Обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи,  Законот за државни службеници,  Законот за административни службеници и  Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 % од износот на основната плата пресметана по час.

Обвинетиот го извршил кривичното дело и нанел штета на Буџетот на Општината, со тоа што потпишал  на вработените во општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа и тоа по 40 отсто за час, без да постои поединечно Решение и Извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување“, се вели во обвинението.

Пред две години, Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавениот, во својство на градоначалник на општина Неготино, на 11 јанаури 2016 година склучил договор со Г.Н. од Неготино, за проценка на данок на имот за потребите на општина Неготино, за што општината на Г.Н. и исплаќала по 10.000 денари и персонален данок месечно, без при тоа да спроведе тендерска постапка. Договорот бил со важност до 31 декември 2016 година, со што, пријавениот, го оштетил буџетот на општина Неготино за 132.000 денари.

Во 2017 година Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавениот, во својство на градоначалник на општина Неготино, на 11 јанаури 2016 година склучил договор со Г.Н. од Неготино, за проценка на данок на имот за потребите на општина Неготино, за што општината на Г.Н. и исплаќала по 10.000 денари и персонален данок месечно, без при тоа да спроведе тендерска постапка. Договорот бил со важност до 31 декември 2016 година, со што, пријавениот, го оштетил буџетот на општина Неготино за 132.000 денари.

Пријавениот не извршил исплата за надоместок за одржана седница на 12 советници, кои биле присутни на седницата одржана на 1 март 2013 година, додека исплатил надоместок само на двајца советници во износ од 9.723 денари.

В.А. спротивно на Законот за образование, овозможил В.Ј. да ја извршува функција – вршител на должност директор на ООУ “Гоце Делчев“ – Неготино од 24 септември 2012 година до 18 ноември 2013 година.