Об­јек­тив­на ка­те­го­ри­за­ци­ја на кри­вич­но дело

Пра­вед­на каз­не­на по­ли­ти­ка во склад со вре­ме­то на кое при­па­ѓа­ме ка­де се поч­ну­ва од и се стре­ми да ги из­диг­не чо­ве­ко­ви­те сло­бо­ди и пра­ва на нај­ви­сок пра­вен пи­е­дес­тал е ле­ги­тим­на цел. Но. во­ед­на­че­на каз­не­на по­ли­ти­ка не е ис­то што и пра­вед­на каз­не­на по­ли­тика. Во­ед­на­чу­ва­ње на по­ли­ти­ка е по по­тек­ло неп­ра­ве­ден инстру­мент за­тоа што им­пли­ци­ра ге­не­ра­ли­за­ци­ја, а не ин­ди­ви­ду­ал­ност.

Не сум со­се­ма си­гур­на де­ка нас­ло­вот на ова об­ра­ќа­ње зас­лу­жу­ва ам­би­ци­ја на на­уч­на оп­сер­ва­ци­ја но струч­на се­како. По­во­дот е За­ко­нот за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње на ви­си­на­та на каз­на­та (Сл.Вес­ник на Р.Ма­ке­до­нија, бр.199 од 30.12.2014 го­дина) кој се при­ме­ну­ва вли­јае на чо­веч­ки­те суд­бини,вли­јае на про­це­сот на суд­ска­та и об­ви­ни­тел­ска­та ра­бо­та а при тоа ка­ко од­ми­ну­ва вре­ме­то се по­ве­ќе и по­ве­ќе ме за­чу­ду­ва и збу­ну­ва ка­ко по сво­ја­та но­мен­кла­тура, нор­ма­тив­на струк­тура,цел та­ка и по по­след­ици­те кои ги пре­диз­ви­кува.

Дла­бо­ко ве­ру­вај­ќи во доб­ра­та на­ме­ра  на иде­ја­та и ре­а­ли­за­ци­ја­та на овој за­кон­ски пот­фат оче­ку­вав де­ка вре­ме­то ќе по­ка­же кол­ку тој има дла­бо­ка смис­ла ко­ја мо­же­би не мо­же да се сог­ле­да вед­наш и без до­пол­ни­тел­ни зна­ења, но вре­ме­то што из­ми­ну­ва од не­го­ва­та при­ме­на го пот­врди след­ното:

Струк­ту­ра на за­ко­нот

За­ко­нот соджи шест гла­ви и два­е­сет и че­ти­ри члена. Во прва­та гла­ва се смес­те­ни ос­нов­ни­те од­ред­би ка­де во три чле­на е на­ве­де­но што уре­ду­ва за­ко­нот со ко­ја цел и на кои на­че­ла се зас­нова. Вто­ра­та гла­ва со пет чле­на е по­све­те­на на не­за­вис­но­то со­ве­то­дав­но те­ло кое се гри­жи за во­ед­на­чу­ва­ње на каз­не­на­та по­ли­ти­ка пре­ку предла­га­ње на кри­те­ри­у­ми за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње на ви­си­на­та на каз­ната. Тре­та­та гла­ва со еди­на­е­сет чле­на се по­све­ту­ва на од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње на ви­си­на­та на кри­вич­ни­те сан­кции.

Ед­на гла­ва во за­ко­нот во еден член а тоа е чет­врта­та е по­све­те­на на до­го­ва­ра­ње­то за ви­дот и ви­си­на­та на каз­на­та ме­ѓу јав­ни­от об­ви­ни­тел и об­ви­не­ти­от во рам­ки­те на спо­го­ду­ва­њето, за да во пет­та­та гла­ва се ре­гу­ли­ра со еден член приз­на­ни­е­то на ви­на во те­кот на глав­на­та рас­пра­ва и зав­ршу­ва за­ко­нот со пре­од­ни­те и зав­ршни од­ред­би во шес­та­та гла­ва во ко­ја има два члена. Ку­са но сло­же­на струк­ту­ра има овој за­кон – стра­теш­ка и ор­га­ни­за­ци­она. Ори­ен­ти­ран е кон по­сти­гну­ва­ње на во­о­ед­на­чу­ва­ње на каз­не­на­та по­ли­тика, гра­ди од­нос­но про­пи­шу­ва об­јек­тив­ни кри­те­ри­у­ми за то­а  и ос­но­ва те­ло кое прво се гри­жи за тоа ка­ко се спро­ве­ду­ва во­ед­на­чу­ва­ње­то на каз­ну­ва­ње­то а по­тоа е долж­но и да пред­ло­жи кри­те­ри­у­ми за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње­то на ви­си­на­та на каз­ната.

Сос­та­вен дел на за­ко­нот се пет при­ло­га од кои први­те два се ал­го­ри­там за об­јек­ти­виз­ци­ја со хо­ри­зон­тал­ни и вер­ти­кал­ни ко­ло­ни со рас­чле­не­ти зап­ре­те­ни каз­ни и број на бо­до­ви за олес­ну­вач­ки и отеж­ну­вач­ки окол­нос­ти кои при­ло­зи зас­лу­жу­ват по­себ­на ана­ли­за од ас­пект кол­ку тие по сво­ја­та сод­ржи­на при­до­не­су­ва­ат за во­ед­на­че­ност при из­ре­ку­ва­ње­то на каз­ни­те но ов­де не е мес­то за тоа.

За­ко­нот нај­чес­то ги упот­ре­бу­ва  тер­ми­ните:

– во­ед­на­чу­ва­ње на каз­не­на­та по­ли­тика

– об­јек­тив­ни кри­те­ри­у­ми за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и ви­си­на­та на каз­ната

– oб­јек­тив­на ка­те­го­ри­за­ци­ја  на кри­вич­но­то дело

За­ко­нот не сод­ржи по­им­ник на тер­ми­ни­те ни­ту ек­сп­ли­ка­ци­ја на на­че­ла­та на кои се ба­зи­ра па та­ка кол­ку за при­мер не­јас­но е што за овој за­кон за­на­чи на­че­ло­то на ефи­кас­ност или тран­спа­рен­тност а уш­те по­мал­ку  ко­ја е ге­не­за­та на по­и­мот во­ед­на­чу­ва­ње на каз­не­на­та по­ли­ти­ка за да тој по­им ста­не на­че­ло во за­кон. Очиг­лед­на е ед­на по­им­на збр­ка во овој за­кон, ко­ја ни­е­ден за­кон не смее да си ја доз­воли. За­ко­нот мо­ра јас­но и прав­но пре­циз­но да ги гра­ди сво­и­те сод­ржи­ни по пра­ви­ла­та на нор­ма­тив­ни­от сис­тем за да вле­зе во кор­пу­сот на прав­ни­от сис­тем во спро­тив­но ри­зи­ку­ва да се из­двои во гру­па­та на за­ко­ни кои не се при­мен­ливи[1].

Ток­му за­тоа од­ре­де­ни по­и­ми и си­ту­а­ци­и­те на кои тие се од­не­су­ва­ат зас­лу­жу­ва­ат ука­жу­ва­ња по­ра­ди цел­т­та ко­ја са­ка да ја по­сти­гне за­ко­нот а тоа е во­ед­на­чу­ва­ње на каз­не­на­та по­ли­тика.

Во­ед­на­чу­ва­ње на каз­не­на­та по­ли­тика

Што тоа всушност значи? Да­ли тоа зна­чи де­ка тре­ба да прис­та­пи­ме кон про­цес на уни­фор­мност во кре­и­ра­ње на каз­не­на­та по­ли­тика, тру­деј­ќи се да соз­да­де­ме об­јек­тив­ни кри­те­ри­у­ми па се­кој на кој што каз­на­та тре­ба да се од­не­су­ва мо­же да знае што го оче­ку­ва по­пре­циз­но од тоа што го про­пи­шал Кри­вич­ни­от за­кон. Или мо­же­би са­ка­ме да ука­же­ме де­ка про­пи­ша­ни­те мож­нос­ти во Кри­вич­ни­от за­кон за каз­ну­ва­ње се ек­стен­зив­ни и со тоа го до­ве­ду­ва­ме во пра­ша­ње каз­не­ни­от суп­сти­тут? Или пак овој За­кон  за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње на ви­си­на­та на каз­на­та е на­со­чен кон оние кои што го при­ме­ну­ва­ат па ба­ра ко­рек­тив за сог­ле­да­ни не­до­след­нос­ти во при­ме­на­та на Кри­вич­ни­от за­кон? Се ре­дат пра­ша­ња­та кои се ре­зул­тат на раз­мис­лу­ва­ња­та кои се при­чи­ните, мо­ти­вите, ме­то­ди­те и оче­ку­ва­ња­та од овој за­кон.

Пра­вед­на каз­не­на по­ли­ти­ка во склад со вре­ме­то на кое при­па­ѓа­ме ка­де се поч­ну­ва од и се стре­ми да ги из­диг­не чо­ве­ко­ви­те сло­бо­ди и пра­ва на нај­ви­сок пра­вен пи­е­дес­тал е ле­ги­тим­на цел. Но. во­ед­на­че­на каз­не­на по­ли­ти­ка не е ис­то што и пра­вед­на каз­не­на по­ли­тика. Во­ед­на­чу­ва­ње на по­ли­ти­ка е по по­тек­ло неп­ра­ве­ден инстру­мент за­тоа што им­пли­ци­ра ге­не­ра­ли­за­ци­ја, а не ин­ди­ви­ду­ал­ност. Каз­не­на­та пол­ти­ка не мо­ра да би­де во­ед­на­че­на за да би­де пра­ведна. Пра­вед­на каз­не­на по­ли­ти­ка е им­пе­ра­тив за прав­на си­гур­ност, за ед­нак­вост на гра­ѓа­ните.

Ед­нак­вос­та на гра­ѓа­ни­те пред за­ко­нот не зна­чи де­ка тие тре­ба да од­го­ва­ат за кри­вич­ни де­ла во рам­ки по­ста­ве­ни на арит­ме­тич­ка прог­ре­си­ја не­раз­бир­ли­ва за тој што ја смис­лил, тој што тре­ба да ја пресме­та а нај­мал­ку за тој на ко­го се од­не­сува. Вак­ви­те оби­ди па не­ка се и во за­кон­ска фор­ма се греб­ло кое ош­те­ту­ва ду­ги за­кони, пот­ко­пу­ва про­це­ду­ра и про­пуш­та не­си­гур­ност. Прак­са­та тоа го по­ка­жува. При пот­пол­но слич­ни ус­ло­ви за по­ста­пу­ва­ње по­стојат окол­нос­ти над­вор од тие ра­бот­ни лис­то­ви кои не ви доз­во­лу­ва­ат да из­ре­че­те ис­та или слич­на казна. За­тоа што жи­вот е тоа, не мо­же се да пред­ви­ди за­ко­нот што жи­во­тот мо­же да при­реди, а на­ша единстве­на ми­си­ја е да би­де­ме пра­вед­ни и во по­ста­пу­ва­ње и во од­лу­чу­ва­ње и во каз­ну­ва­ње а не во­е­ед­на­чени.

Ту­ка деј­ству­ва и прет­постав­ка­та де­ка си­те су­дии и јав­ни об­ви­ни­те­ли се во­дат од иде­ја­та за пра­вед­но по­ста­пу­вање. Пра­вед­но­то по­ста­пу­ва­ње е ло­гич­но и фун­кци­о­нал­но но не кру­то и ог­ра­ни­чено.[2] До­кол­ку таа прет­постав­ка е на­ру­ше­на со по­стое­ње на се­ри­оз­ни ис­тра­жу­вач­ки до­ка­зи за зло­у­пот­ре­ба во де­лот на каз­ну­ва­ње­то тоа е сис­тем­ски проб­лем кој не мо­же да се са­ни­ра со ко­рек­ти­вен за­кон за каз­не­на по­ли­тика. Во так­ви си­ту­а­ции тре­ба да про­ра­бо­тат ме­ха­низ­ми­те на од­го­вор­ност за од­лу­че­но­то за­тоа што во по­за­ди­на пов­ре­де­ни се суш­тин­ски вред­нос­ти на по­е­динци, мо­же да се кри­јат се­ри­оз­ни па­то­лош­ки сос­тој­би со ко­руп­тивна, лична,пси­хо­лош­ка или дру­га при­рода. Не смее да се доз­во­ли тие си­ту­а­ции да се пок­ри­јат со до­не­су­ва­ње на за­кон кој тре­ба да ста­ви прав на се до­се­га сто­ре­но и пре­вен­тив­но да де­лу­ва во ид­ни­на да не се слу­чу­ва­ат греш­ки за­тоа што тој ќе обез­бе­ди во­о­ед­на­че­на каз­не­на по­ли­тика.  Ме­то­дот со кој са­ка да го по­сти­гне во­ед­на­чу­ва­ње­то на каз­не­на­та по­ли­ти­ка овој за­кон е во­ве­ду­ва­ње на два об­јек­тив­ни кри­те­ри­у­ма и тоа:

1.об­јек­тив­на ка­тер­го­ри­за­ци­ја на де­ло­то и

2.по­ра­не­шен жи­вот на сто­ри­те­лот на кри­вич­но­то дело

Две ос­но­ви кои тре­ба да го ис­пол­нат об­јек­тив­ни­от кри­те­ри­ум за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње­то на ви­си­на­та на кри­вич­на­та сан­кција. Зна­чи ли тоа де­ка суб­јек­тив­ни­те окол­нос­ти при се­кој по­е­ди­не­чен слу­чај до­би­ва­ат об­јек­тив­на рам­ка и како, те­о­рет­ски из­држа­но се вне­су­ва­ат суб­јек­тив­ни­те окол­нос­ти во об­јек­ти­вен кри­те­ри­ум ос­та­ну­ва да би­де пред­мет на ана­ли­за ток­му на ме­то­дот кој го упот­ре­бу­ва овој за­кон.

Об­јек­тив­на ка­те­го­ри­за­ци­ја на дела

Ка­те­го­ри­за­ци­ја­та на де­ла­та е се­ри­оз­но сло­же­но те­о­рет­ско пра­ша­ње на кое е по­све­те­но вни­ма­ние на со­од­ве­тен на­чин во на­уч­на­та мис­ла по об­јект на заш­тита, по свој­ство на из­врши­те­ли на кри­вич­ни дела, по об­јек­тив­ни ус­ло­ви на ин­кри­ми­на­ција, по при­ме­на на прав­ни инс­ти­ту­ти и дру­ги кри­вично-прав­ни пер­фор­ман­си ме­ѓу кои спа­ѓа и ви­дот на зап­ре­те­на­та казна. Но, да се тврди де­ка са­мо по ви­дот на зап­ре­те­на­та каз­на се врши об­јек­тив­на ка­те­го­ри­за­ци­ја на кри­вич­ни­те де­ла е не­из­држа­на кон­ста­та­ција.

Уште по­ве­ќе ако за­кон­ски се пред­ви­ду­ва об­јек­ти­ви­за­ци­ја на кри­вич­ни­те де­ла врз оно­ва на пе­де­сет и шест хо­ри­зон­тал­ни ко­ло­ни на кои тре­ба да се из­врши вкрсту­ва­ње со шест вер­ти­кал­ни ко­ло­ни кои се од­не­су­ва­ат на по­ра­неш­ни­от жи­вот на сто­ри­те­лот на кри­вич­но­то де­ло тре­ба ли да се оче­ку­ва на тој на­чин за­кон­ски об­јек­тив­на казна. По­ра­неш­ни­от жи­вот на сто­ри­те­лот на кри­вич­но­то де­ло се оп­ре­де­лу­ва во член 11 од За­ко­нот са­мо врз ос­но­ва на по­ра­неш­ни осу­ди и тоа од не­о­су­ду­ва­ност до две пра­во­с­ил­ни осу­ди за кри­вич­ни де­ла за кои е пред­ви­де­на па­рич­на каз­на или каз­на зат­вор до пет го­дини, две пра­во­с­ил­ни осу­ди од кои ба­рем ед­на е за кри­вич­но де­ло за кое е пред­ви­де­на каз­на зат­вор над пет го­дини, три пра­во­с­ил­ни пре­су­ди или две пре­су­ди со из­ре­че­на ефек­тив­на каз­на зат­вор од нај­мал­ку три го­дини, че­ти­ри пра­во­с­ил­ни пре­су­ди или две пре­су­ди со из­ре­че­на каз­на зат­вор нај­мал­ку две го­ди­ни или ед­на пре­су­да со из­ре­че­на каз­на зат­вор од нај­мал­ку пет го­ди­ни или­пет или по­ве­ќе пра­во­с­ил­ни пре­су­ди или две пре­су­ди од нај­мал­ку пет го­ди­ни зат­вор или ед­на пре­су­да од нај­мал­ку осум го­ди­ни зат­вор.

Арит­ме­ти­ка со казни, пре­суди,по ви­сина, број кои теш­ко мо­жат да вле­зат во сов­ре­ме­на ма­те­ма­тич­ка фун­кци­ја а пак во вред­нос­ни­от сис­тем на пра­во­то или во не­го­ви­от при­ну­ден или реп­ре­си­вен дел ја гу­бат смис­ла­та во де­лот на ос­тва­ру­ва­ње на пра­вед­но каз­ну­вање.[3]

За да би­де си­ту­а­ци­ја­та уш­те по­с­ло­же­на во член 12 од За­ко­нот за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње­на ви­си­на­та на каз­на­та пред­ви­ду­ва де­ка во се­ко­ја вер­ти­кал­на ко­ло­на е ут­врде­на сред­на вред­ност на ви­си­на­та на каз­на­та во ме­се­ци од ко­ја поч­ну­ва­ат да се засме­ту­ва­ат отеж­ну­вач­ки­те и олес­ну­вач­ки­те окол­нос­ти врз ос­но­ва на што ќе се ин­ди­ви­ду­а­ли­зи­ра ви­си­на­та на каз­ната, а член 13 од За­ко­нот пред­ви­ду­ва опе­ра­ции на со­би­ра­ње и од­зе­ма­ње од по­чет­на ос­но­ва од­нос­но сред­на вред­ност на ут­врде­на ви­си­на на казна. Чле­нот 16 од За­ко­нот пред­ви­ду­ва ако се ут­врди каз­на зат­вор во тра­е­ње до 24 ме­се­ци а при ева­лу­а­ци­ја­та во зна­чи­те­лен обем пре­ов­ла­ду­ва­ат олес­ну­вач­ки­те окол­нос­ти при што раз­ли­ка­та е нај­мал­ку пет по­е­ни во ко­рист на олес­ну­вач­ки­те окол­нос­ти су­дот мо­же каз­на­та да ја ус­лови!

Па по­чи­ту­ва­ни су­дии по­ве­ле­те сме­тај­те и су­дете. Ама и не за­бо­ра­вај­те де­ка ос­нов­но на­че­ло на овој за­кон е  ефи­кас­ност и про­пор­ци­о­нал­ност ко­ја тре­ба да се гле­да во не­кој ал­ге­бар­ски ре­зул­тат. При тоа да не се за­бо­ра­ви де­ка ефи­кас­нос­та е есенци­јал­на вред­ност на пра­вото. Ефи­кас­нос­та зна­чи ефек­тив­на де­лот­вор­на при­ме­на на прав­на норма.[4] Брза при­ме­на на прав­на нор­ма мо­же да се оче­ку­ва ако таа е јасна, раз­бир­ли­ва и мо­же да ја при­ме­ни прав­ник-про­фе­си­о­на­лец, ако не се про­ти­ви на еле­мен­тар­но­то прав­нич­ко зна­е­ње и док­трина. Су­ди­и­те и јав­ни­те об­ви­ни­те­ли се со­о­че­ни со сов­ла­ду­ва­ње на жи­вот­ни си­ту­а­ции и смес­ту­ва­ње на чо­веч­ки­те ид­ни­ни во овие ма­те­ма­тич­ки про­цеси. Во прак­ти­ка­та тоа зна­чи мно­гу пот­ро­ше­но време, мно­гу по­пол­ну­ва­ње на ра­бот­ни лис­тови, тоа зна­чи соз­да­ва­ње на про­фе­си­о­нал­на не­си­гур­ност ко­ја е опас­на и се чув­ствува. А ко­га тоа ќе поч­не да се слу­чу­ва прав­на­та си­гур­ност на гра­ѓа­ни­те пра­ви ис­че­кор на­на­зад и не се по­сти­гну­ва цел­та да оној на кој што се од­не­су­ва каз­на­та и си­те што ќе слуш­нат за неа да го по­чув­ству­ва­ат до­пи­рот на прав­дата.

При од­лу­чу­ва­ње­то за ви­дот и ви­си­на­та на каз­на­та се зе­ма­ат во пред­вид отеж­ну­вач­ки и олес­ну­вач­ки окол­ности, но ко­га ќе ги пог­лед­не­те при­ло­зи­те или ра­бот­ни­те лис­то­ви кои се сос­та­вен дел на овој за­кон прво што ви па­ѓа на­па­мет е да се зап­ра­ша­те што се слу­чу­ва со мо­и­те еле­мен­тар­ни зна­е­ња од об­лас­та на кри­вич­но­то право. Од ко­га инс­ти­ту­тот пре­че­ко­ру­ва­ње на нуж­на од­бра­на и крај­на нуж­да е олес­ну­вач­ка окол­ност.Ни­ко­гаш во те­о­ри­ја­та во из­во­ри­те на прав­на­та на­у­ка не е про­ме­не­то стоја­лиш­те­то де­ка тоа се инс­ти­ту­ти во кои деј­ству­ва­ат ос­но­ви­те за ут­врду­ва­ње на про­тивправ­ност и има­ат соп­стве­но уте­ме­ле­но мес­то во Кри­вич­ни­от за­кон.

Тоа не се окол­ности, тоа се би­ти­ја на прав­ни фор­ми и тие не сме­ат да се вред­ну­ва­ат ка­ко окол­ности. Прис­та­пот кон каз­нено-прав­на заш­ти­та од овие инс­ти­ту­ти е са­мос­тоен.[5] По­тоа бит­но на­ма­ле­на пресмет­ли­вост, неб­реж­ност, ка­ко суб­јек­тив­ни обе­леж­ја не се олес­ни­тел­ни окол­ности. Ка­ко олес­ни­тел­на окол­ност е пред­ви­де­на го­ле­ма раз­драз­не­тост без ви­на на сто­ри­те­лот и до­кол­ку не е еле­мент на де­лото. Па до­кол­ку не е еле­мент на де­ло­то ка­ко ќе се ут­врду­ва оваа окол­ност да­ли со веш­та­че­ња ка­ко кај де­ла­та ка­де што е еле­мент на де­ло­то и ќе се при­ба­ву­ва­ат­ли по­себ­ни до­ка­зи за тоа и ре­дица дру­ги на­во­ди кои се не­кон­та­бил­ни со окол­нос­ти важ­ни за од­ме­ру­ва­ње на вид и ви­си­на на казна.

Кај оте­жи­тел­ни­те окол­нос­ти има­те гра­фа за ис­кус­тво на сто­ри­тел во де­лот на окол­нос­ти за лич­нос­та на сто­ри­те­лот. За как­во ис­кус­тво ста­ну­ва збор со­се­ма е не­јасно. Ка­ко оте­жи­тел­на­та окол­ност пред­ви­де­но е да се вред­ну­ва ако сто­ри­те­лот има нис­ко кул­тур­но ни­во и не­га­ти­вен од­нос кон оп­што при­фа­те­ни­те вред­ности. Врз ос­но­ва на кој кре­ди­би­ли­тет ќе се да­ва оцен­ка  за не­чие кул­тур­но ни­во и што зна­чи кул­тур­но ни­во и кои се оп­штоп­ри­фа­те­ни­те вред­нос­ти  се пра­ша­ња на кои не­ма а се чи­ни и де­ка не мо­же да има од­го­вор.

Зак­лу­чо­кот е де­ка прав­на­та ло­ги­ка со вак­ви за­кон­ски ре­ше­ни­ја е на­ру­шена. На­ру­ше­на е неј­зи­на­та ос­нов­на цел а тоа е вос­поста­ву­ва­ње на ме­то­ди во ло­гич­на фор­ма за да се дој­де до ис­прав­но мис­лење.[6] Прав­на­та ло­ги­ка се ба­зи­ра на мис­лов­ни­от про­цес ка­ко збир на суб­јек­тив­ни ста­вови. Ло­гич­но­то прав­но раз­мис­лу­ва­ње не мо­же да се изо­ли­ра на об­јек­тив­ни кри­те­ри­у­ми и ка­ко так­во да би­де до­вол­но са­мо на себе. Пра­во­то ба­ра дла­бо­ко по­зи­ци­о­ни­ра­ни вред­нос­ни ста­во­ви кои се гра­дат на суб­јек­тив­ни кри­те­ри­у­ми и кај су­ди­и­те и кај об­ви­ни­те­лите.

Прав­на­та ло­ги­ка ка­ко што ве­ли aка­де­ми­к Кам­бов­ски е спе­ци­фич­на и раз­лич­на од ма­те­ма­тич­ка­та ло­ги­ка и сим­боли: два и два и се и не се се­ко­гаш че­тири, за­тоа што прав­на­та ло­ги­ка не е ло­ги­ка на ста­тич­ни сим­бо­ли и од­но­си ту­ку ди­ја­лек­тич­ка ло­ги­ка ко­ја по­а­ѓа од споз­на­ни­е­то за ин­ди­ви­ду­ал­нос­та на чо­ве­ко­во­то би­тие и од ком­плек­снос­та на од­но­си­те ме­ѓу чо­ве­кот и оп­штес­твото. На тој на­чин ве­ли aка­де­мик Кам­бов­ски, двајца сто­ри­те­ли на убис­тво нас­про­ти ма­те­ма­тич­ка­та ло­ги­ка ко­ја би во­де­ла кон ед­нак­вост во каз­ну­ва­њето, мо­же да до­би­јат раз­лич­ни каз­ни од кои се­ко­ја е ло­гич­на ако е зас­но­ва­на на про­пор­ци­о­нал­нос­та со сто­ре­но­то дело,не­го­ви­те окол­нос­ти и те­жи­на­та и ви­на­та на сто­ри­те­лот.[7].

Прак­тич­на при­ме­на на За­ко­нот за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње на ви­си­на­та на каз­ната

 Во прак­са при­ме­на­та на овој за­кон зна­чи време,сме­тање, ко­ја си­ту­а­ци­ја или впе­ча­ток под ко­ја окол­ност да се вне­се во ра­бот­ни­от лист, па да се из­бо­ди­ра и да се дој­де до ре­зул­тат со кој јав­ни­от об­ви­ни­тел сог­лас­но член 20 од За­ко­нот ќе мо­же  во те­кот на ис­траж­на­та по­ста­пка и во скра­те­на по­ста­пка до под­не­су­ва­ње на об­ви­ни­те­лен пред­лог да се до­го­ва­ра за ви­дот и ви­си­на­та на каз­на­та со об­ви­не­ти­от во рам­ки­те на спо­го­ду­ва­њето. Каз­на­та ко­ја мо­же да ја до­го­ва­ра јав­ни­от об­вин­тел не мо­же да би­де по­ма­ла од 50% од каз­на­та што би би­ла из­ре­че­на со при­ме­на на од­ред­би­те на За­ко­нот за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње на ви­си­на­та на каз­на­та во ре­дов­на суд­ска по­ста­пка.

До­кол­ку јав­ни­от об­ви­ни­тел се до­го­ва­ра со об­ви­не­ти­от во фа­за на оцен­ка на об­ви­ни­тел­ни­от акт не мо­же да би­де до­го­во­ре­на каз­на по­ма­ла од 60% од каз­на­та што би би­ла из­ре­че­на во ре­дов­на суд­ска по­ста­пка спо­ред пра­ви­ла­та на овој За­кон. Чле­нот 21 од за­ко­нот пред­ви­ду­ва дека, до­кол­ку дој­де до приз­на­ние на ви­на од стра­на на об­ви­не­ти­от во те­кот на глав­на­та рас­пра­ва по од­ржу­ва­ње на во­вед­ни­те го­вори, су­дот не мо­же да му из­ре­че на об­ви­не­ти­от каз­на по­ма­ла од 70% од каз­на­та што би би­ла из­ре­че­на со при­ме­на на од­ред­би­те на За­ко­нот во ре­дов­на суд­ска по­ста­пка. Кол­ку е по­ра­на фа­за­та на до­го­ва­ра­ње ме­ѓу об­ви­ни­те­лот и об­ви­не­ти­от тол­ку по­ма­ла про­цен­ту­ал­но каз­на мо­же да до­бие сто­ри­те­лот а ако приз­нае ви­на на глав­на рас­пра­ва не мо­же да му се из­ре­че по­ма­ла каз­на од 70% од каз­на­та што би ја до­бил до­кол­ку не приз­нае вина. Про­цен­ти­ве 50%,60%,70%  се од­раз на об­јек­тив­ност, про­пор­ци­о­нал­ност,пра­вед­ност што ли и ка­ко ток­му тие про­цен­ти вле­го­а  во за­кон­ски тек­ст ка­ко смер­ни­ца за во­ед­на­чу­ва­ње на каз­не­на пол­ти­ка не е со­се­ма јасно.

Во би­ло ко­ја од овие фа­зи да тре­ба да се при­ме­ни овој за­кон  ба­ра ода­ле­чу­ва­ње од за­кон­ско и кре­а­тив­но раз­мис­лу­ва­ње и по­све­та на пресмет­ки кои не ве инс­пи­ри­ра­ат ту­ку ве ог­ра­ни­чу­ва­ат и вле­чат во непоз­нато, исцрпу­вач­ко раз­мис­лу­ва­ње без ло­гика,ама „кол­ку по­ве­ќе неш­то е не­ло­гично, тол­ку е по­го­ле­ма ве­ра­та де­ка е вис­ти­нито.“[8]

Не по­стои инстру­мент кој би ни ги из­ме­рил при­до­бив­ки­те од од­ме­ру­ва­ње­то и оп­ре­де­лу­ва­ње­то на каз­ни­те на ва­ков на­чин, во­о­ед­на­че­но ли е каз­ну­ва­њето, кол­ка­ва е при­до­бив­ка­та на гра­ѓа­ните, по­о­без­бе­де­ни ли се пра­ва­та на сто­ри­те­лите,спре­че­ни ли се мож­нос­ти­те за ко­руп­ци­ја или зло­у­пот­ре­би и слично. Единстве­но е еви­ден­тно ус­лож­ну­ва­ње­то на про­це­сот на ра­бо­те­њето, еви­ден­тен е па­ра­док­сот де­ка на­мес­то ефи­кас­ност до­би­ва­ме не­це­лис­хо­ден и по по­тек­ло и по сод­ржи­на кон­фу­зен дел на по­ста­пу­вање.

Цел­та на тоа по­ста­пу­ва­ње е ле­ги­тим­но дек­ла­ри­ра­на ка­ко во­ед­на­чу­ва­ње на каз­не­на­та по­ли­ти­ка при из­ре­ку­ва­ње на каз­ни­те од су­до­ви­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја но каз­ни­те не тре­ба да се во­о­ед­на­чени. Каз­не­на­та по­ли­ти­ка ја ре­де­фи­ни­ра сво­ја­та уло­га во каз­нено-прав­ни­от сис­тем. Пос­та­пу­ва­ње­то тре­ба да би­де ис­то за си­те гра­ѓани, со­весно, про­фе­си­о­нално, и од­го­вор­но па ка­ко ре­зул­тат на тоа тре­ба да се из­ре­ку­ва­ат каз­ните. Кол­ку и да се раз­лич­ни каз­ни­те ако се од­раз на про­пор­ци­о­нал­ност и пра­вед­ност тие се при­фат­ли­ви и ло­гични.

Пра­вед­нос­та во каз­ну­ва­ње­то про­из­ле­гу­ва од на­по­ри­те да се обез­бе­дат што е мож­но по­ве­ќе до­ка­зи и соз­на­ни­ја за окол­нос­ти­те на слу­ча­јот. Во прак­са мно­гу мал­ку на­по­ри се вло­жу­ва­ат за да се обез­бе­дат ва­ков вид на до­кази. Во фа­за на до­го­ва­ра­ње за каз­на ме­ѓу об­ви­ни­те­лот и сто­ри­те­лот при спо­го­ду­вање, на при­мер, об­ви­ни­те­лот ре­ал­но не по­се­ду­ва и не соб­рал до­ка­зи кои се од­не­су­ва­ат са­мо на окол­нос­ти од вли­ја­ние за од­ре­ду­ва­ње на вид и ви­си­на на каз­на ко­ја тре­ба да би­де пред­мет на до­го­ва­рање. Во суд­ски­те по­ста­пки при да­де­но приз­на­ние на ви­на од стра­на на сто­ри­те­лот не се пре­зен­ти­ра­ат до­вол­но до­ка­зи кои се од­не­су­ва­ат са­мо на окол­нос­ти од вли­ја­ние за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње на каз­ната. Глав­на смер­ни­ца во тие про­це­си се ра­бот­ни­те лис­то­ви и ме­ха­нич­ки се до­а­ѓа до каз­ната. Каз­ну­ва­њето, од­ме­ру­ва­ње­то на ви­си­на­та и од­ре­ду­ва­ње­то на ви­дот на каз­на­та ста­ну­ва ру­тин­ска но ма­кот­рп­на ра­бота.

Зак­лу­чок

Пра­вед­но­то каз­ну­ва­ње е по­стојан стре­меж, кон кој се приб­ли­жу­ва­ме на раз­лич­ни на­чини. Кри­вично-прав­на­та те­о­ри­ја ја рес­пек­ти­ра об­врската за пре­циз­но оп­ре­де­лу­ва­ње на каз­на­та и тоа не са­мо пре­ку про­пи­шу­ва­ње на неј­зи­ни­от за­кон­ски ми­ни­мум и мак­си­мум. Сог­ле­да­на е пот­ре­ба­та од вос­поста­ву­ва­ње на цел еден инстру­мен­та­ри­ум пре­ку кој се до­а­ѓа до мож­ни­от во за­кон пред­ви­ден вид и мер­ка на каз­на­та што во кон­кре­тен слу­чај го оче­ку­ва сто­ри­те­лот на ед­но кри­вич­но дело.

Вос­поста­ву­ва­ње на тој инстру­мен­та­ри­ум се на­ре­ку­ва про­пи­шу­ва­ње на каз­ната, а ут­врду­ва­ње на каз­на­та спо­ред вид и ви­си­на­та за сто­ри­те­лот на де­ло­то во еден кон­кре­тен слу­чај од стра­на на су­дот со упот­ре­ба на­тој инстру­мен­та­ри­ум се на­ре­ку­ва од­ме­ру­ва­ње на каз­ната.[9]

Постојат сис­те­ми за про­пи­шу­ва­ње на казни, кои гру­бо гру­пи­ра­ни се све­ду­ва­ат на сис­тем на ап­со­лут­но не­оп­ре­де­ле­ни каз­ни (грен­лан­дски сис­тем 1954 во­ди кон суд­ско са­мо­во­лие), сис­тем на ап­со­лут­но оп­ре­де­ле­ни каз­ни (францус­ки ре­во­лу­ци­о­не­рен за­ко­ник 1791 годina безжи­во­тен,су­ров и бр­зо на­пуш­тен сис­тем) и сис­тем на ре­ла­тив­но оп­ре­де­ле­ни казни (ка­ков што е на­ши­от сис­тем).[10]

До­не­су­ва­ње­то на за­кон кој ги до­у­ре­ду­ва мож­нос­ти­те за каз­ну­ва­ње над­вор од Кри­вич­ни­от за­ко­ник на на­чин ка­ко тоа го пра­ви За­ко­нот за од­ре­ду­ва­ње на ви­дот и од­ме­ру­ва­ње на ви­си­на­та на каз­на­та е че­кор поб­лис­ку до сис­те­мот на ап­со­лут­но од­ре­де­ни каз­ни  кој не го ува­жу­ва ре­ал­ни­от жи­вот во кој две иси неш­та не се се­ко­гаш со­се­ма исти,зад се­кое кри­вич­но де­ло стои чо­ве­кот со еден куп по­буди, сре­ме­жи што на де­ло­то му да­ва­ат по­се­бен пе­чат и го пра­ват раз­лич­но од кри­вич­но де­ло на друг сто­ри­тел.[11]

Про­це­сот на од­ме­ру­ва­ње на каз­на­та е од­го­во­рен и тол­ку суп­ти­лен за­тоа што го ме­ну­ва жи­во­тот ид­ни­на­та но­си болка, стра­да­ње а се ве­ру­ва де­ка тре­ба да го по­до­бри жи­во­тот на лу­ѓето. Тој про­цес мо­ра да го спре­ве­де и му се до­ве­ру­ва на суд за кој тре­ба да по­стојат га­ранции за пра­вед­но каз­ну­ва­ње а не на за­кон. Пра­вед­на­та каз­не­на по­ли­ти­ка кре­и­ра­ат по­е­динци, су­дии ре­ша­вај­ќи во се­кој по­е­ди­не­чен слу­чај по­себно, кре­и­рај­ќи прав­да пре­ку каз­ни­те што ќе ги из­ре­чат а не за­кони. За­ко­ни­те не сме­ат да ог­ра­ни­чу­ва­ат и ста­ва­ат рам­ки во но­се­ње­то на од­лу­ки­те ако тие од­лу­ки про­из­ле­гу­ва­ат од пра­вед­но по­ста­пу­вање.

 

[1] Академик Владо Камбовски, Филозофија на правото, Скопје 2010, стр.175

[2] Ѓорѓевиќ Милан, Право у херменеутичком кругу,Београд 2002,стр. 25

[3] Фридрих А Хајек, Право, законодавство и слобода,Подгорица, 2002

[4] Аксдемик Владо Камбовски, Филозофија на правото,Скопје 2010 стр.254

[5] Лидија Раичевиќ, Пречекорување на нужна одбрана, Скопје 2000год.

[6] Naucke,dr Wolfgang/Hazer,dr. Regina,2005,Rechtsphilosophische Grundbergriffe,Funfte Aufl.Munhen

[7] Академик Владо Камбовски, Филозофија на правото, Скопје 2010, стр.314

[8] Доц.д-р Дејан Сулејманов, Речник на одомаќени странски зборови и изрази, Куманово 2013, стр.409

[9] Ѓорѓи Марјановиќ,Македонско кривично право, Општ дел,Скопје 1998 год., стр.294

[10] Хорватиќ,Принципи легалитета и индивидуализације казне у југословенском кривичном праву прије и након доношења нових кривичних закона, Рев-ЈУ 1/1979год.

[11] Ѓорѓи Марјановиќ, Македонско кривично право, Скопје 1998 год. стр.295

Овој научен труд е дело на Доц. д-р. Ли­ди­ја Ра­и­че­виќ