Ограбен маркет во Скопје

Три лица, од кои едниот се заканувал со пиштол, влегле во маркетот и од вработениот одзеле околу 23.000 денари.

Синоќа на улицата „Методија Митевски“ во Скопје се случил грабеж. Три лица, од кои едниот се заканувал со пиштол, влегле во маркетот и од вработениот одзеле околу 23.000 денари. Од МВР посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.