Од септември судиите и судските службеници зголемени ќе зимаат поголема плата

На денешната средба на премиерот Зоран Заев  министрите за правда и за финансии, Рената Дескоска и Драган Тевдовски, со делегација на Здружението на судии, предводена од претседателот на здружението Џемали Саити, судија во Врховниот суд констатираа дека од септември платите на судиите и судските службеници ќе се зголемат за 5%.

-Премиерот Заев, заедно со министерот за финансии и министерката за правда, изразија уверување дека уште 120 милиони денари ќе се обезбедат со ребаланс на Буџетот, и дека тие ќе бидат наменети за ретроактивни решенија на проблемите со надоместоците на судиите, соопшти владината прес-служба.

Од сегашниот буџет на Република Македонија има обезбедено околу 120 милиони денари а исплата на надоместоците, согласно Законот за судиите и судските службеници.

На средбата претставниците на судиите и на Владата постигнале договор за формирање работна група со претставници од ресорните Министерства за изнаоѓање системско решение за платите на судиите.

Исто така позитивно биле оценети и заложбите и реформите насочени кон обезбедување на независно судство.