Ораториските вечери „Иво Пухан“ во знак на општествените проблеми со кои се соочуваат младите

Во амфитеатарот одекнаа остри зборови во согласност со чувствата на секој оратор. Правосудството, прогресивниот данок, бегството на Груевски, критиката кон политичарите, професорите и студентите, Договорот од Преспа, НАТО и ЕУ аспирациите, промената на името, идентитетските и културолошките разлики, родовата еднаквост, иселување на младите и работата на власта беа само дел од темите кои беа предмет на ораторите во нивните говори проследени со кристална критика.

Моќта на зборот е голема работа, дали и колку ќе влијае врз некого зависи од тоа кој го кажал, кому му го кажал, зошто и што сакал да постигне со тоа. Одговорот лежи во моќните говори претпазливо извезени, од збор до збор, од десетте најдобри оратори кои на 22. Ораторски вечери „Иво Пухан“ манифестација која се одржа вчера на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Публиката имаше можност да ги слушне младите оратори со нивните импресивни говори и пораки за актуелните општествени и полтички проблеми.

Во амфитеатарот одекнаа остри зборови во согласност со чувствата на секој оратор. Правосудството, прогресивниот данок, бегството на Груевски, критиката кон политичарите, професорите и студентите, Договорот од Преспа, НАТО и ЕУ аспирациите, промената на името, идентитетските и културолошките разлики, родовата еднаквост, иселување на младите и работата на власта беа само дел од темите кои беа предмет на ораторите во нивните говори проследени со кристална критика.

Прва награда освои Нинослав Нанков, втората му беше доделана на Стефан Солев, а третата награда ја поделија Етина Ливарека и Моника Пеичева. Во рамките на манифестацијата беше доделена и специјалната награда „Бранко Ѓорчев“ и таа ја освои Моника Пеичева.

Нема слобода ако судската власт е заглавена во својата непрофесионална работа, вели Нинослав Нанков, кој ја понесе првата награда на овогодинешните ораторски вечери „Иво Пухан“. Нанков во својот говор целосно се осврна кон правосудството и судскиот систем односно на „ЦРНИТЕ ТОГИ“ – па така во своето излагање потенцираше дека нема почеток на преговори со НАТО и ЕУ без правна држава, подвлече и побара оставка од оние кои ја злоупотребиле својата положба, особено судиите.

– НАТО нема да ја смени перспективата, ЕУ нема да ни ги реши проблемите, само ќе донесе нови закони кои нема да се почитуваат, поентираше второнаградениот оратор Стефан Солев, кој низ призмата на Преспанскиот договор упати остра критика кон креаторите на политиките во Македонија.

– Не смееме да заборавиме дека мирот е доблест на цивилизираното општество. Љубовта кон оваа земја не треба да биде борба за моќ, туку поттик за меѓусебно разбирање зборуваше, Етина Ливарека која заедно со Моника Пеичева ја понесоа третата награда.

Пеичева која покрај третата награда ја доби и специјалната наградата „Бранко Ѓорчев“, а во својот говор целосно се посвети на барањата за родова еднаквост и родова рамноправност.

– Велат прогресивниот данок бил праведен. Дали е поправеден, затоа што богатите ќе плаќаат повеќе? Промена колку за промена, рече Драгана Бојковска во својот говор целосно посветен на прогресивниот данок.

– Додека младите чекаат шанса, оние кои треба да им ја овозможат, мудруваат…Сите избегаа: мајсторите, докторите па дури и бившиот премиер. Веројатно може да избега и сегашниот, вели студентката Марија Китаноска.

Никола Крстевски во својот говор упати критика велејќи дека Преспанскиот договор е наметнат документ кој го крши правото на самоопределување.

Потоа, Марио Јаневски во својот говор праша зошто повеќе никој не протестира, а сите зборуваат за нарушени човекови права и сопствениот комодитет.

– Квантитетот го победи квалитетот, рече Сара Нешкоска за време на ораторските вечери, потенцирајќи дека постои огромен непотизам при вработувањето.

– Критиката кон меѓународните претставници на дипломатијата, кои беа во посета на Македонија, беше еден дел од говорот на ораторот Филип Дркалоски, кој пак посебен акцент стави на здравството во Македонија алудирајќи дека никој не води грижа за здраствениот систем.