ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ: ОЈО откри ДЕТАЛИ ОД ИСТРАГАТА

Едномесечната истрага на ОЈО за катастрофалната сообраќајка покажала дека главна причина за несреќата кај ласкарци во која загинаа 15 лица, а 39 беа повредени е недозволена брзина и техничка неисправност на автобусот на „Дурмо Турс“.

На денешната прес конференција обвинителот Сашо Рајчев кажа дека 6 лица меѓу кој и возачот на автобусот се приведени и се гонат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Приведените во моментов се во полициска станица и ќе бидат изведени пред судија на предходна постапка, а за нив обвинителството ќе бара мерка притвор.

Како што изјави обвинителот за седмиот осомничен кој издал документација дека работи техометарот иако не била направена проверка ОЈО ќе бара мерки на претпазливост, а тој ќе одговара за несовесно работење во служба.