Отсуството на сведоци го одложи предметот „Тендери“ за 4 април

Денешното рочиште за случајот на СЈО „Тендери“ во кој обвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, која се терети за кршење на постапката на тендерот за изградбата на Музејот на ВМРО се одложи за 4 април, бидејќи не присуствуваа повиканите сведоци.

Во судница беше присутна обвинетата Канческа – Милевска, а судијата Осман Шабани истакна дека за следното рочиште ќе ги обезбеди сведоците со акти.

– Со оглед дека не се присутни повиканите сведоци расправата се одложува, но ќе ги обезбедам по телефон и ќе добијам одговор од МВР, изјави судијата Осман Шабани.

Посочи дека во зависност од одговорот од МВР за адресите на живеење и нивната достапност, сведоците ќе бидат повикани по телефон.