ОЈО истражува дали имало омраза и нетрпеливост во натписите поврзани со несреќата кај Ласкарци

ОЈО Скопје на денешната прес конференција на која се презентираа детали од истрагата за автобуската несреќа кај Ласкарци одговарајќи на новинарско прашање во врска со натписите за говор на омраза поврзани со несреќата, Обвинителот Сашо Рајчев истакна дека од МВР имаат повеќе известувања кон кои се приложени тие натписи.

-Ние од обвинителски аспект сега проверуваме дали кај тој што ги пишува тие натписи постои умисленост да се разгори омраза и нетрпеливост, затоа што станува збор за многу тешко кривично дело, рече Рајчев.

Обвинителот кажа дека многу често натписите да се пишуваат од профили на социјалните медиуми од лица со лажни профили и голема е процедурата на проверка.