ОЈО Скопје покрива 90 проценти од криминалот во државата, а нема Истражен центар, истражители и недостасуваат 16 обвинители

ОЈО Скопје на денешната прес конференција на која се презентираа детали од истрагата за автобуската несреќа кај Ласкарци истакна дека е најголемо обвинителство кое покрива 90 проценти од криминалот во државата, а нема Истражен центар и нема истражители.

Како што истакна обвинителот Сашо Рајчев на ОЈО Скопје му недостасуваат и 16 јавни обвинители.

-Со оглед на тоа дека станува збор за доста обемна предистаржна постапка, работат двајца обвинители. ОЈО Скопје е најголемо обвинителтво и покрива 90 отсто од криминалот во Македонија, но нема истражен центар, нема истражители, а недостасуваат 16 јавни обвинители. По систематизација од 85 стручни работници имаме само 16 на неопределено, од 35 дактилографи по систематизација имаме само 10, рече Рајчев.

Исто така Обвинителот Рајчев посочи дека оваа година ја завршиле со долг од над девет милиони денари за вештачења, преводи…

-Бидејќи се уште немаме Истражен центар и истражители,  а претходната постапка за автобуската несреќа кај Ласкарци е многу обемна, со наредба побаравме тројца истражители од МВР и ги добивме. И тие сé уште се тука додека целосно не ја завршиме истрагата. Овие истражители макотрпно работеа, како и јавните обвинители во обезбедување на материјалната документација за двете правни лица, обезбедување вербалните докази, носење сведоци во Обвинителството…, рече Рајчев.