ОЈО треба да утврди дали со компромитирани бомби СЈО градело слуачаи

Свиркачи, патриоти или лажни сведоци, на што се темелеше „Вистината за Македонија“ е политичко прашање, но компромитирање докази и лажни сведоци се амбис за и така разрушениот правен систем. Најповиканите јавното обвинителство кое треба да даде одговор на сите дилеми кои стигаат до кривична одговорност одбраа да молчат, анализира Алфа.

Разузнавачки финти или порака дека се зависи од „почитуваниот професор“ како што премиерот Зоран Заев милува да го нарече неговиот прв советодавец за безбедност Зоран Верушевски. Ексразузнавачот пред неколку дена во судница, се огради целосно од „бомбите“ „главното оружје“ прво на СДСМ, а потоа  и на СЈО, но дополнително и го искомпромитира, ваков впечаток се доби кога под материјална и кривична одговорност во судот, како сведок за случајот Таргет Тврдина кажа дека бомбите доживеале страотна модификација, откако Верушевски бил уапсен, во јануари 2015 година, осомничен за случајот „Пуч“.

Сведочењето на Верушевски минираше се што произлегува од бомбите, но и начинот на нивното чување. Нејасно остана, дали можеби знае како дел од нелегално прислушуваните разговори, завршиле на црниот пазар, па ги вртеа лица под псевдоними Илија Громвник, Никола Тесла, Ел Чека …Но објасни дека во СДСМ бомбите биле во надлежност на лидерите, прво Црвенковски,а потоа Заев од 2010 се додека да се испорачаат во СЈО, во 2015.

Дека бомбите се недуеле како на пазар, тврдеше вчера и поранешен шеф на контраразузнавање, Горан Митевски.

Еден од тие таргети на Ѓорги Лазаревски сум бил и јас. По моето не прифаќање во тој период да ја преземам таа одговорност за непреземање на материјалите од УБК сигурно се сложил Зоран Верушевски и лично тој ги преземал материјалите од Ѓорги Лазаревски а потоа ги пренесувал во политичката партија СДСМ, вели Горан Митевски, поранешен директор на ДБК.

Иако Митевски јасно кажа дека никој ништо не му дал, но му ги нуделе бомбите. Лазаревски се почувствувал повикан, да објаснува дека не ги давал, но никако да објасни што лажно кажал во исказот за Пуч како што тврдеше пред три дена Верушевски.

Поранешниот шеф на контраразузнавање, го поткопа и сведочењето на Ѓорѓи Лазаревски, главниот сведок на СЈО, за случајот масовно прислушување познат како Таргет Тврдина. Верушевски кажа дека престанал да комуницира со него, откако Лазаревски дал, како што рече  лажен исказ во предметот Пуч, каде и тој беше обвинет, како и уште неколкумина, меѓу нив и тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев.