Пет приговори на обвинението поднеле адвокатите на осомничените во „Талир

СЈО поднесе две обвиненија за случајот „Талир“ за нелегално финансирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Едното обвинение е за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а другото за незаконската изградба на седиштето на партијата.

До Oсновен суд Скопје 1 до вчера стигнале пет приговори од адвокатите на обвинетите во предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, велат од судот и додаваат дека сè уште тече рокот во кој бранителите на осомничените може да приговараат на поднесеното обвинение кое треба да го оценат тројца судии на скопска единица. Осомничените имаат право да поднесат писмен приговор против обвинителниот акт во рок од осум дена од приемот на обвинението.

СЈО поднесе две обвиненија за случајот „Талир“ за нелегално финансирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Едното обвинение е за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а другото за незаконската изградба на седиштето на партијата.

Со првото обвинение се опфатени поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, поранешниот генералниот секретар на партијата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Тие се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе.

За изградбата на новото партиско седиште, обвинети се, пак, Никола Груевски и Кирил Божиновски. Тие склучиле договор за изградба на објектот со градежната компанија „Бетон“ од Штип, иако не смееле тоа да го направат затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со „Бетон“ тие договориле „несразмерна корист“ за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин се стекнале со имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.