Повреден работник во фабрика во Кочани

По укажаната лекарска помош во општа болница Кочани, тој бил препратен на КАРИЛ при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Вчера во 20 часот во полициската станица Кочани, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Г.(61) од Кочани.

Тој се здобил со повреди при извршување на  работни задачи во приватна фирма во Кочани, кaде машина му ја повлекла раката.

По укажаната лекарска помош во општа болница Кочани, тој бил препратен на КАРИЛ при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.