Пожари беснеат низ Македонија: Гореше во Струга, Берово, Свети Николе, Тетово…

На 23.03.2019 година во 15,20 часот било пријавено дека покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и с.Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.

На 23.03.2019 година околу 15,25 часот било пријавено дека во Берово настанал пожар во атарот на с.Ратево кај место викано “Три Реки“, при што била опожарена млада борова шума. На местото на настанот упатени се екипи од Територијалната противпожарна единица Берово, Шумското стопанство и се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

На 23.03.2019 година било пријавено дека настанал пожар на подрачје на Свети Николе односно во атар на с.Каратманово, кој во текот на ноќта преку с.Ново Село на место викано “Кишински пат“ се проширил кон с.Каласлари, при што била опожарена поголема површина сува трева и разновидна шума. На местото на настанот излезено е од екипа од Македонски шуми-Велес и од нивна страна во 17,00 часот пожарот бил ставен под контрола.

На 23.03.2019 година во 17,50 часот било пријавено дека во Тетово настанал шумски пожар на шест до седум помали локации покрај патот во правец од с.Ново село кон с.Мерово-општина Желино, при што била опожарена нискостеблеста шума и сува трева. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

На 24.03.2019 година во 00,15 часот во СВР-Скопје С.Ф. пријавила дека на улицата “Челопек“ нејзиниот девер И.Ф.(53), во една од собите во куќата предизвикал пожар. Пожарот бил локализиран од семејството и опожарена била собата каде што живеел И.Ф. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.