Пожар остави на улица семејство со две малолетни деца од Драчево на улица

Семејството, кое живеело под кирија, студената ноќ ќе ја поминат кај роднини, за да не премрзнат децата, но Душан вели дека тоа е привремено решение за ден – два.

Пожар, утринава, го пеплоса домото на скромно скопско семејство од Драчево. Четиричленото семејство со две малолетни деца изгубија сѐ што макотрпно стекнувале со години.

-Преплашени се децата, малечки се, на 8 и 3 години. Жената е во шок, ја носев два пати во амбуланта. Сите сме во траума, едвај собравме сила да ѕирнеме во нашиот скромен дом. До пред 12 часа тука живеевме, се радувавме со децата, сега не знам каде што, не ни остана ништо. Само ведро небо и студ, изјави Душан Глигороскиза Сител.

Семејството, кое живеело под кирија, студената ноќ ќе ја поминат кај роднини, за да не премрзнат децата, но Душан вели дека тоа е привремено решение за ден – два.

Апелира до сите хумани граѓани за помош.

– Апелирам до сите граѓани да помогнат на било каков начин. Од стари тенџериња, лажици, облека за децата, ништо немаме, додаде Глигороски.

Огнот го изгаснале екипи на противпожарната бригада, а семејството се сомнева дека дотраената инсталација во бараката стара шеесетина години најверојатно е принината за пожарот.