Познат идентитетот на починатиот маж пронајден во Демир Капија

На 20.04.2019 година околу 18.30 часот во Полициската станица Демир Капија било пријавено дека на место викано „Селиште“-Копширишница, атар на општина Демир Капија, бил пронајден мртов Ј.Д.(50) од село Тимјаник, неготинско. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција.