Полицијата поднесе кривична пријава против едно лице за спречување на избори и гласање

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.С.(40) од село Добрушево, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на избори и гласање“. На 21.04.2019 година околу 17.40 часот во село Добрушево, на избирачко место, пријавениот започнал вербална расправија со избирачкиот одбор и набљудувачите, при што ја турнал кутијата со избирачкиот материјал.