Полицијата санкционира 58 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина

Полицијата во Скопје санкционира 58 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина и изрекоа исто толку мандатни платни налози, соопшти МВР.

Во акциската контрола спроведена вчера отриени се 74 останати прекршоци за кои се издадени 18 мандатни платни налози и 56 прекршочни платни налози.

-Во периодот од 17.30 часот на 18.06.2019 дп 00.30 часот на 19.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 27 возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 27 прекршочни платни налози, наведуваат од МВР.