Постигнат е договор за уставните измени

Со заедничко соопштение со огласија Владата и нова пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, во кое се вели дека со заедничко учество постигнат е договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот.

Постигнат е договор со крилото на Беса на Биљал Касами, информира на прес-конференција во Собранието, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Во врска со тоа дали е обезбедно двотретинско мнозинство за последната фаза од уставните измени Костадинов нагласи дека се вложуваат сите напори и оти се оптимисти дека потребното мнозинство до чинот на гласањето ќе биде обезбедно.

Истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со избегнување на целиот овој процес, вклучувајќи го и избегнувањето на дебата во Собранието за уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа, всушност го прави најголемото предавство на државните и националните интереси.

– Граѓаните сакаат иднина, напредок и просперитет, граѓаните на Македонија ја сакаат земјата во ЕУ и НАТО, враќање назад во изолација, црнила и темно минато нема да има. Продолжуваме со сите напори да ја обезбедиме иднината за граѓаните во Македонија. Таа ќе биде членка на ЕУ и НАТО, но секогаш ќе останат запаметени Мицкоски, Груевски, Бачев, Иванов како некои кои ја попречувале иднината и работеле против интеграциите – рече Костадинов.

Со заедничко соопштение со огласија Владата и нова пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, во кое се вели дека со заедничко учество постигнат е договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот.

– Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани. Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/ граѓани на Република Северна Македонија, стои во соопштението.