Постои можност за бегство: Катица Јанева останува во Шутка

Апелацискиот суд денеска донесе одлука дека eкс-специјалната обвинителка Катица Јанева останува во Шутка. Судот добил информација од обвинителството дека истрагата е завршена, но апелациските судии се воделе до фактот дека сѐ уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредено поблага мерка. Поради завршената истрага и новите околности нејзините адвокати најавија дека ќе бараат одново Кривичниот суд да ја преиспита одлуката и на Јанева да ѝ се одреди поблага мерка или куќен притвор.