Почина мажот кој се повредил додека сечел дрва

Г.Ѓ. (51) од Берово вчера починал од повреди во пределот на главата што ги добил додека сечел борови во местото Ормане – Царев Дол.

Г.Ѓ. (51) од Берово вчера починал од повреди во пределот на главата што ги добил додека сечел борови во местото Ормане – Царев Дол.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 12 часот. Г.Ѓ.  бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син.

Тие му пружиле помош, по што со Итна медицинска помош бил пренесен во болницата Систина – Скопје, но им подлегнал на повредите.