Почина уште една родилка породена во болницата во Гевгелија

Ова не е првпат гинеколошкото одделение од болницата во Гевгелија да е центар на јавноста. Пред некоја година, таму почина родилката Маја Кадиева, како последица на лекарска грешка.

На КАРИЛ починала 31-годишна гевгеличанка, која била донесена од Клиниката за неврологија. Блиските на жената обвинуваат за лекарска грешка.

– Пациентката кај нас беше донесена во крајно критична состојба, без дишење. Еден час лекарите на КАРИЛ се бореа за нејизниот живот и дадоа се од себе, изјави за „Република“ д-р Маја Мојсова, раководилтел на КАРИЛ.

Гевгеличанката Елизабета Савиќ Динева се породила на 29 јуни со царски рез во болницата во Гевгелија. По три дена нејзината здравствена состојба се влошила. Била примена во болницата во Гевгелија, но како итен случај била препратена на Клиниката за неврологија. Неофицијална причина за смртта е тромб или анеуризма, а пациентката наводно страдала и од епилептични напади.

Мојсова исто така објаснила дека откако пристигнала на скопската клиника, пациентката била третирана по сите лекарски протоколи, дека немала епилептични напади, разговарала со лекарот и јадела во креветот. За тоа како била третирана пациентката во гевгелиската болница, нема информации.

Ова не е првпат гинеколошкото одделение од болницата во Гевгелија да е центар на јавноста. Пред некоја година, таму почина родилката Маја Кадиева, како последица на лекарска грешка, а подоцна почина и нејзиното новороденче, кое живеело едвај 10 минути, иако во првичниот наод јавноста беше информирана дека бебето е мртвородено.