По инцидентот на КАРИЛ, Филипче со осуда за насилството

Од Министерството за здравство информираат дека се сочувствуваат со болката на блиските на пациентот, но осудуваат било какво насилство врз медицински персонал кој секојдневно се бори за животот на овие пациенти.

На КАРИЛ денеска било физички и вербално нападнато медицинско лице кое работи на Клиниката, соопштија денеска од Министерство за здравство.

Станува збор за физички и вербален напад на лица кои изгубиле близок член од семејството, хопитализиран во оваа Клиника, врз медицинско лице кое во тој момент пристигнало на работа.

Од Министерството информираат дека се сочувствуваат со болката на блиските на пациентот, но осудуваат било какво насилство врз медицински персонал кој секојдневно се бори за животот на овие пациенти.

Министерот Венко Филипче изјави дека нема да се толерира никаков вид насилство врз медицинскиот персонал.

– Насилството не е начин на кој треба да комуницираат лекар и пациент. Се сочувствувам со состојбата на лицата кои претрпеле загуба, но го осудувам настанот и секој обид за насилство. Со министерот  за внатрешни работа Оливер Спасовски, сме во координација, со што многу скоро, ќе добиеме помош и заштита од полицијата – изјави министерот Филипче.