Првомајски протести ширум светот, апсења во Турција

Таксим е со посебна симболична вредност за работничкото движење во Турција имајќи предвид дека во 1977 година 43 луѓе беа убиени таму за време на одбележување на 1 Мај кога врз демонстрантите беше пукано од зграда во близина.

Денеска по повод Денот на трудот ширум светот се одржуваат протестни собири и маршеви со барање владите да се посветат на прашањата на работниците. Во некои држави властите ограничија протестни активности, а во Турција тоа резултираше со апсења.

Полицијата во Истанбул уапси повеќе од десет демонстранти кои тргнаа на марш кон градскиот плоштад Таксим спротиставувајќи се на забраната. Турција забрани протести поради безбедносни причини пристап до тој плоштад на 1 мај, но мала група од околу 25 луѓе се обиде со сила да дојде до Таксим.

Фото Курир.рс