Превртено „БМВ“ на автопатот Скопје – Тетово

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата информира дека вчера на автопатот Скопје – Тетово, од засега неутврдени причини, возило „БМВ“ удрило во металната банкина и се превртело.

– На 11.1.2019 година околу 17:30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, во близина на клучката кај село Кондово, патничко моторно возило „БМВ“, управувано од В.М. (43) од Тетово, удрило во металните одбојници и се превртело, велат од полиција.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил изршен увид на местото на настанот.