Преку незаконска процедура безбедносен сертификат стекнале и компромитирани кадри на УБК

Во новата Агенција ќе работат и Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, осудени во предметот „Пуч“ и за кои веќе докажано дека предавање разузнавачки материјали во политичка партија, спротивно на Законот. Покрај ова, тврдат извори од Агенцијата, за безбедноста на македонските граѓани ќе се грижат и разузнавачи кои соработувале со странски служби, учествувале во насилства, се поврзуваат со екстремизам и тероризам, пишува порталот Република.

Според тврдењата на вработени во Агенција за национална безбедност, повеќе вработени кои никогаш до сега немале безбедносен сертификат поради постоење на реални безбедностни пречки за добивање, но сега, во многу краток период во незаконска процедура успеале да добијат позитивна оценка и се преземени во Агенција за безбедност.

Вработени во УБК кои во процесот на селекција не се преземени поради констатиран безбедносен ризик, досега воопшто не се известени за тоа, иако според Законот за АНБ селекцијата трае до 20.08.2019, а Агенцијата отпочнува со работа на 01.09.2019, со што им се ускратува правото на приговор и преиспитување на постапката, велат извори од АНБ.

Од друга страна, според информациите, вработени се преземале и по завршувањето на законскиот рок 10 септември спротивно на Законот за основање на Агенцијата.

Кој осомничен кој осудуван – Националната безбедност во рацете на компромитирани кадри на УБК

Најголем пропуст на почетокот на работата на АНБ се смета токму начинот на селекција на кадри. И покрај тоа што постои Комисија за селекција, според наши извори, се врши неосновано оценување и незаконско се вршеле безбедносни проверки, што овозможува субјективна селекција, која на селекторот му дава дискреционо право да елиминира неподбни, односно да вработи подобни кадри, па макар биле со криминални досиеја или со фалсификувани диопломи и под дисциплинска постапка.

Целиот процес на селекција го организираат и со него раководат неколку партиски послушници, лица под контрола на Оливер Спасовски и Јовче Ременски, кои преку неосновано оценување и незаконит процес на вршење безбедносни проверки, под сомнителни околности елиминирале или заштитиле повеќе лица, меѓу кои и такви со криминално досие, инволвирани во активности од надлежност на УБК, лица со дисциплински прекршоци во МВР, фалсификувани дипломи.

Критириумите строги, но само на хартија

Критериумите за вработување во АНБ се строги. Доколку за вработен во УБК се утврди дека е безбедносен ризик и не ја поминал безбедносната проверка, тој ќе биде отпуштен од работа во МВР.

Според критериумите, прво се прави профил на работно место, потоа профил на личност за тоа работно место и на крај лицето кое ќе биде во финална селекција на тој процес треба да ги исполни сите критериуми според безбедносните стандарди на НАТО.

Сите кои ќе паднат на безбедносна проверка ќе добијат отказ.

Според извори од АНБ, оценувањето се вршело без утврдени критериуми за квалитет, но и по роднински и партиски клуч. Многу кандидати се преземени по законскиот рок кој заврши на 20 септември 2019 година. Иако селектираните веќе имаат потпишано спогодбени решенија за преземање во АНБ, никој нема полагано тест за интегритет, што е еден од основните услови според Законот за АНБ.

Од УБК е преземен Јовче Ременски и покрај партиските ангажмани, но и шпекулациите за вмешаност во „Рекет“, што не е испитано. Исто така, Ременски и во минатото се спомнуваше дека изнесувал снимки прибавени со ПИ-мерки од МВР и ги продавал за уцена, пишува порталот Република.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Ременски дека е креаторот на фалсификуваните службени белешки со кои се вршеше политички прогон и со кои неосновано се испраќаа во притвор политичките неистомисленици.

Така, при селекцијата се преземени свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, осудени во случајот „Пуч“, кои предавале материјали во политичка партија. Преземени се лица кои се или биле контакт на странски разузнавачки служби, учесници во насилни протести.

Едно од првите распоредувања на висока позиција на работници во Агенцијата е Зоран Костовски, близок пријател на Јовче Ременски, активен учесник на протестите на Шарена револуција, но поважно еден од директните спроведувачи на незаконско оценување и селективно вршење на безбедносни проверки по нарачка, велат извори од Агенцијата за безбедност.

Извор Република