Приведена 50-годишна дилерка од Ќерамидница

Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица станица Гази Баба била приведена Д.С.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 22.30 до 23.30 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавената во населбата Ќерамидница, при што пронашле и одзеле прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.