Приведени сопственикот на „Дурмо турс“ и возачот на автобусот

Едномесечната истрага на ОЈО за катастрофалната сообраќајка покажала дека главна причина за несреќата кај ласкарци во која загинаа 15 лица, а 39 беа повредени е недозволена брзина и техничка неисправност на автобусот на „Дурмо Турс“.

На денешната прес конференција обвинителот Сашо Рајчев кажа дека 6 лица меѓу кој и возачот на автобусот и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ се приведени и се гонат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а седмиот осомничен кој издал документација дека работи техометарот иако не била направена проверка ОЈО ќе бара мерки на претпазливост, а тој ќе одговара за несовесно работење во служба.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Први на помош на повредените им помогнаа мештаните од Ласкарци и околината, а за спасување беа мобилизирани комбиња на брзата помош од Здравствениот дом Скопје и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“.