При претрес на дом во Охрид полицијата пронашла пиротехнички средства

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.12.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле претрес во дом и простории, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.