Продолжува судењето во Кривичен за „Космос“ на Цаноски

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Т.Н.Т.“  на Специјалното јавно обвинителство.

Предметот „ТНТ“, се наоѓа во доказна постапка , а меѓу обвинетите се  Никола Груевски, Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски.

Процесот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од СЈО.

Денеска во судот доказите ги презентира обвинетиот Тони Трајковски.

Оштетениот Фијат Цаноски на претходно рочиште најави дека ќе бара отштета во висина од 40 милиони евра, колку што ја цени направената штета.

СЈО ги гони обвинетите за кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски во 2011 година.