Пронајдена мајката која си го остави новороденчето во парк – ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

Откако полицијата ја пронајде малолетната мајка која го остави новороденчето во парк во населбата Топанско поле во присуство на на законски старател даде изјава дека не е во можност да се грижи за бебето, објавува Слободен Печат.

– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – вели Наташа Станојевиќ, директорка на Цетарот за социјални работи во Скопје.

Дополнително полицијата треба да се изјасни дали мајката ќе одговара за ова дело.

извор Слободен Печат.