Просторија за деца жртви и сторители на кривични дела во Полициска станица Неготино

Врз основа на одличната соработка помеѓу Општина Неготино – Полициска станица Неготино и ЈУОДГ„Фемо Кулаков“, а како резултат на активностите на Координативното тело за социјална заштита при Општинскиот центар за социјални услуги на Неготино, во склоп на Полициската станица-Неготино опремена е и адаптирана просторија наменета за престој на деца жртви и сторители на кривични дела. 

– Просторијата во Полициската станица е опремена од страна на ЈУОДГ„Фемо Кулаков“, а со потенцијалните жртви и сторители на кривични дела ќе работи стручно лице од ПС Неготино, информира Методи Митрев, портпарол во Општина Неготино.